Наташа Стојановска прва даде отказ во „Ден“

Од:

Наташа Стојановска, новинар во економската редакција на весникот Ден е првата што даде отказ од работното место.
Стојановска, која пред да се вработи во ДЕН беше новинар на економската редакција на А1 телевизија вели дека отказот не е само поради новите смени во редакцијата, туку и поради претходни несогласувања.

„Денеска и официјално на новите уредници и на новиот директор веднаш по завршувањето на состанoкот на кој тие се претставија како нов раководен тим јас лично им го дадов својот отказ за кој веќе извесно време размислував, така што од денеска не сум на работа во весникот. Не би сакала да зборувам за причините конкретно“, изјави Стојановска.

Таа не знае дали ќе има и други откази како што се најавуваше.

„Според мене тоа е индивидуална одлука .  За останатите колеги не знам дали ќе дадат откази, самите ќе одлучат, тие ги слушнаа новите уредниците што имаа да им кажат а дали и што ќе направат е нивна одлука“.

Според досегашната новинарка во ДЕН, во редакцијата денеска сите се изненадиле од брзата смена на уредничкиот тим.

„Бевме изненадени од овој потег, никој од нас не знаеше дека се менува уредничкиот тим, но знаевме дека весникот е ставен на продажба и дека се бара нов инвеститор подолго време. Денеска на изненадување на сите пред завршувањето на работното време ни беше соопштено дека ќе имаме состанок со досегашниот сопственик и со идните сопственици што беше изненадување за сите во редакцијата.