Милошоски шеф на ОБСЕ за изборите во Белорусија

Од:

Поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски е избран за шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ ОДИХР за парламентарните избори во Белорусија.

Заменик на Милошоски е американскиот претставник Доналд Бисон, а како аналитичари на изборите ќе бидат експерти од Полска, Србија, Ерменија и Италија.

Парламентарните избори во Белорусија ќе се одржат на 23-ти септември.