Апел за помош на малата Ева

Од:

Двомесечната Ева има дијагностицирано тешка срцева и белодробна хипертонија, за што е неопходна операција во Бугарија, која чини 13.800 евра.

Нејзиното семејство вели дека секој нов ден е неизвесен за малата Ева и се надеваат дека ќе ги издржи деновите до операцијата.

Родителите Дејан и Елена Илиевски од Куманово немаат можност за кратко време да ги соберат парите за операција, и затоа бараат помош од хумани граѓани и организации. Семејството Илиевски итно треба да уплати 3.000 евра сума што е неопходна за македонскиот Фонд за здравство да ја закаже операцијата во болницата во Бугарија, а потоа ќе се доплати другиот дел од парите.

„Изразувам голема благодарност до сите граѓани што донираа за малата Ева преку телефонските броеви и на трансакциските сметки. Со помош на пријателите и роднините успеавме да собереме дел од парите што се потребни да се уплатат за да се закаже операцијата, односно неопходните 20 отсто од вкупната сума. Ни недостигаат уште 35.000 денари. Се надеваме дека во текот на неделата ќе ги собереме. Малата Ева сè повеќе губи воздух. Секој ден ја гледам како се бори за живот и му се молам на Господ да ѝ даде сила да издржи до интервенцијата“, вели таткото Илиевски.

Патувањето до Бугарија е ризично, па за малата Ева ќе биде организиран превоз со Брза помош, која е подготвена во секој момент да тргне на пат откако ќе бидат уплатени 4.600 денари во еден правец.

Средства за помош на малата Ева можат да уплатат на сметките:

Комерцијална банка 300-0070827508-86 и Стопанка банка 200-0016518668-27

Средства можат да се донираат и на отворените телефоните 077/143-402, 070/143-191 и 075/143-161