Две недели живеел на aeрoдромот „Александар Велики“

Од:

Еден 30-годишен маж две недели живеел во старата зграда на aeрoдромот „Александар Велики“, исто како во познатиот филм „Терминал“ на Стивен Спилберг.

Македонскиот државјанин бил депортиран од Германија пред две недели. Тој се вселил во старата зграда на аеродромот, а случката ја потврдиле и од Министерството за внатрешни работи.

„Барал азил во Германија од таму го депортирале и го вратиле во Македонија. На аеродромот полицијата му го зела пасошот и го пуштила да си оди дома“, изјавија за „Вест“ од полицијата.

Обезбедувањето на аеродромот ги проверило безбедносните камери и го забележале како си игра со сензорите за пуштање вода во тоалетите. Бидејќи не бил насилен и не му правел штети, полицијата првично рекла дека не може да го исели, но, подоцна го пренеле во Центарот за социјални грижи.