ВИДЕО: „Ниту една повеќе“ бара политичарите да не доаѓаат на нивните протести

Од:

Граѓанската иницијатива „Ниту една повеќе“ упати повик за масовно учество на протестите, барајќи тие да останат надвор од партиските влијанија и политичките интереси.

Во женскиот проглас, иницијативата им порача на сите сегашни и поранешни партиски функционери, министри и премиери да не доаѓаат на протестите и да не го користат феминистичкиот отпор за сопствена политичка промоција.

„Ниту една повеќе“ ги повика граѓаните и граѓанките кои се чувствуваат изневерени, обесправени, понижени и повредени, како и сите кои бараат правда и слобода и се противат на системската негрижа, да излезат на улица.

Од иницијативата порачуваат дека протестите треба да бидат израз на граѓански отпор, солидарност и непокор, без партиски проповеди и политичко лицемерие.

„Ние сме слободата“, порачуваат од „Ниту една повеќе“, завршувајќи го прогласот со паролата: „Смрт на фашизмот, слобода на народот! Ниту една повеќе!“