Претседателката на Комисијата за надзор на пазарот на капитал, Абази на надзорната расправа во Собранието: Постапката за АЛТА Банка беше транспарентна и целосно законска!

Од:

Претседателот на Комисијата за надзор на пазарот на капитал (КНПК), Бујаре Абази на денешната собраниска надзорна расправа истакна дека постапувањето по барањето на „АЛТА БАНКА АД Белград“ за преземање на „Стопанска банка АД Битола“ е спроведено по вообичаена законска процедура, без никакви исклучоци или импровизации.

Според презентираната хронологија, по доставеното известување за намера од и претходната согласност од Народната банка, преземачот ја доставил целокупната потребна документација и депонирал над 1,4 милијарди денари (1.403.299.026 денари) на посебна сметка во ЦДХВ.

Откако била утврдена целосна усогласеност со Законот за преземање на акционерски друштва, Комисијата за надзор на пазарот на капитал на 10 септември 2025 година едногласно донесе решение за издавање дозвола за понуда за преземање.

Абази нагласи дека критериумите и законските рокови се униформни за сите субјекти исто како и при претходни постапки, предупредувајќи дека креирањето вештачки сензационализам и политичка манипулација околу редовни регулаторни процеси ѝ штетат на довербата во финансискиот систем и е спротивно на начелата на Меѓународната организација на комисиите за хартии од вредност.

Абази уште еднаш потенцираше дека Комисијата не е надлежниот орган кој одлучува која банка и од која држава може да стане сопственик на финансиска институција во Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Уапсени се братот на Давор Мацура и директорката на „Алта Пеј Груп“

А1он

Ивановски: Финансиската полиција не ја проверувала Алта банка, не добила барање ниту од Народната банка

Фросина Целеска: Алта банка е солвентна, ликвидна и има показатели за квалитетот на кредитното портфолио

Костовски за Алта банка АД Битола: Ја поддржувам секоја законска мерка со која ќе се заштитат штедачите, доверителите, вработените и стабилноста на банкарскиот систем

Горан Наумовски

Сиљановска: Немам никаква улога во случајот „Алта банка“

Фирмите со сметки во Алта банка од денеска неограничено ќе располагаат со новите приливи