Уапсени се братот на Давор Мацура и директорката на „Алта Пеј Груп“

Од:

Уапсени се Дубравко Мацура, брат на сопственикот на „Алта банка“ (која е во стечај) – Давор Мацура, како и Татјана Бундало, директорка на компанијата „Алта Пеј Груп“. На двајцата им е одредена полициска мерка задржување во траење од 48 часа, пренесуваат српските медиуми.

Тие се приведени во рамките на истрагата против Давор Мацура, кој е осомничен дека незаконски изнел околу 390 милиони евра од трезорот на „Алта банка“.

Уапсениот Дубравко Мацура попладнево ќе биде сослушан во Јавното обвинителство за организиран криминал, по што обвинителството ќе одлучи дали ќе побара одредување притвор. Сослушувањето на Татјана Бундало сè уште не е закажано, а обвинителството прибира документација поврзана со нејзината можна вмешаност во случајот, дознава „КРИК“.

Двајцата се осомничени за вмешаност во изнесувањето пари од трезорот на „Алта банка“.

Поради ова, претходно беа уапсени сопственикот на „Алта банка“, Давор Мацура, и двајца негови соработници, кои сè уште се наоѓаат во притвор. Апсењето се случи непосредно по изборите и три дена откако Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на „Алта банка“.

Мацура е осомничен дека од трезорот на „Алта банка“ изнел повеќе од 45 милијарди динари, односно околу 390 милиони евра. Неговите соработници – директорот на секторот за трезор и управување со готовина, како и соработникот за трезорски операции – се товарат дека му помогнале во тоа.

Би можело да ве интересира

Ивановски: Финансиската полиција не ја проверувала Алта банка, не добила барање ниту од Народната банка

Фросина Целеска: Алта банка е солвентна, ликвидна и има показатели за квалитетот на кредитното портфолио

Костовски за Алта банка АД Битола: Ја поддржувам секоја законска мерка со која ќе се заштитат штедачите, доверителите, вработените и стабилноста на банкарскиот систем

Горан Наумовски

Сиљановска: Немам никаква улога во случајот „Алта банка“

Фирмите со сметки во Алта банка од денеска неограничено ќе располагаат со новите приливи

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има – Обвинителството да постапува

Горан Наумовски