Нејмар дрзок со противничките навивачи: Ќе испаднете во втора лига бедници – мора да ме почитувате“

Од:

Бразилски Сантос оствари минимална победа на гостински терен во 35-тото коло од бразилското првенство, но по последниот судиски свиреж, во центарот на вниманието се најде вербалниот судир меѓу ѕвездата на гостинскиот тим, Нејмар и домашните навивачи.

Испровоциран од довикувањата од трибините по крајот на натпреварот, бразилскиот ас не остана должен, туку возврати со навреди, предвидувајќи им на противниците испаѓање во понизок ранг.

– Не си играјте со мене! Одите во друга лига, идиоти едни. Ете ви сега! Мора да ме почитувате, мора да ме почитувате, бедници – рече Нејмар.

Што се однесува до случувањата на теренот, Нејмар се врати во почетниот состав на Сантос откако одлежа суспензија од два натпревари поради добиени картони.

Тој беше расположен за игра во нападот, постојано бараше дуели „еден на еден“ и учествуваше во акцијата по која Габигол ја затресе мрежата.

Во текот на 90 минути игра, офанзивецот на Сантос упати три удари кон голот на домашниот тим, двапати беше непрецизен, додека еден негов обид беше одбранет од голманот.

Би можело да ве интересира

Нејмар e првиот играч казнет според новото фудбалско правило

А1он

Нејмар е во најлошиот тим на Мундијалот 2026 – тука се и Ван дајк, Фернандеш, Вирц, Мектоминај…

А1он

Нејмар го пропушта првиот меч на Мундијалот поради повреда

А1он

Лекарот на бразилската репрезентација: Повредата на Нејмар не е наивна

А1он

(ВИДЕО) Моментот кога Нејмар дозна дека ќе оди на Мундијалот 2026

А1он

Анчелоти го објави поширокиот список на Бразилци за Мундијалот 2026 – и Нејмар е на него

А1он