Огњен Дабетиќ осуден на 14 години затвор за убиството на Ноа Миливојев

Од:

Вишиот суд во Белград го осуди Огњен Дабетиќ на 14 години затвор бидејќи во јуни 2023 година ја уби трансродовата личност Ноа Миливојев (18). Судот го осуди Дабетиќ за кривичното дело убиство, иако тој беше обвинет за кривично дело тешко убиство. Покрај тоа, судот му го продолжи притворот до упатувањето на издржување на казната. Станува збор за првостепена пресуда на која одбраната и обвинителството имаат право на жалба.

Дабетиќ се товари дека најпрво ги обновил контактите и средбите со Миливојев, а потоа, на критичниот ден, ја злоупотребил довербата и емотивната приврзаност на штотуку полнолетната жртва, повикувајќи ја да дојде во неговиот стан. Таму влегол во расправија и физички конфликт со неа, по што ја задавил со електричен кабел.

Потоа телото го влечел по дрвениот под на галеријата, а потоа по скалите до бањата, каде што во туш-кабината, со помош на нож, го распарчил. Деловите од телото ги распоредил во пластична кутија со капак, пластично буре со капак сместено во претходно наведената кутија, пластична кофа пронајдена во туш-кабината и уште една пластична кофа со славина, исто така пронајдена во туш-кабината.

Потоа деловите од телото ги полил со хемикалии со базна реакција и додал супстанции што содржат амфетамин, миртазапин, клозапин, парацетамол и ибупрофен. Сето тоа било пронајдено на 6 јули 2023 година.

На обвинетиот му се ставаше на товар тешко убиство извршено на подмолен начин и од други ниски побуди.

Според пишувањата на медиумите, трансродовата личност Ноа Миливојев (18) исчезнала на 17 јуни 2023 година, кога тргнала кај Дабетиќ. Нејзиното тело било пронајдено на 6 јули истата година во неговиот стан.