МВР информира дека рано утринава во 03:30 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ѓ.К.(47) од Гевгелија.
Според пријавеното, околу 01:00 часот во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата 72-годишна мајка.
Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а за настанот е известен јавен обвинител.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Кочани, пак, поднесе кривична пријава против Р.В.(46) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.
На 01.11.2026 во семејната куќа во Кочани, пријавената физички го нападнала нејзиниот татко.
Вчера претпладне во 10:40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода З.К.(29), постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 64-годишна мајка, при што употребила и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
