Почина најстариот маж во Европа

Од:

Витантонио Ловало, најстариот маж во Европа, почина на 112-годишна возраст, соопштија властите во Авилијано, во јужниот италијански регион Базиликати.

Овој поранешен одгледувач на овци, кој живееше во мало место источно од Неапол, е роден во март 1914 година, неколку месеци пред почетокот на Првата светска војна.

Дури и откако наполнил 100 години, „Зитон“, како што го нарекуваа, продолжи да го обработува сопственото лозје.

„Авилијано денес изгуби дел од својата историја. Зитон беше еден од нас“, напиша на Фејсбук градоначалникот на Авилијано – Џузепе Мека.

Сопругата на Ловало почина пред неколку години. Двојката има четири деца. За време на Втората светска војна, Ловало најпрвин беше на фронтот.

Според италијанските медиуми, тој беше воен заробеник во Германија од 1943 до 1945 година.

Според евиденцијата на Групата за геронтолошки истражувања, најстар маж во Европа сега е Португалецот – Жоаким Варела, кој има 111 години, но на листата на најстари лица во Европа тој се наоѓа дури на 32-то место, зад дури 31 жена.

На истата листа има податоци според кои најстаро лице во Европа и во светот е Британката – Етел Катерхам, која има 117 години.

Би можело да ве интересира

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството