Претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, сокрил документ од досието на Владимир Милчин.
Како што пишува „ Фокус“, Аџиев , не и го презентирал на јавноста токму документот во кој стоело дека Владимир Милчин не бил соработник на тајните служби.
Според членовите на Комисијатра , Благоја Гешовски и Чедомир Дамјановски, службите составувале еден вид сиже од досиејата и потоа пополнувале документ т.н. „Прашалник за лично досие“.
Токму овој прашалник, според Гешовски и Дамајановски, покажувал дека Милчин не бил соработник на тајните служби.
Милчин веќе го објави овој документ.
Инаку, според информации на А1, клучните документи од Управата за безбедност и контраразузнавање, Аџиев ги добил уште пред најмалку една година. Тие документи на сајтот на комисијата не се објавени.
Потврдата дека Милчин не бил соработник на тајните служби, Аџиев ја презентирал на Комисијата, но потоа ја сокрил и не е објавена.