Веќе се пребројуваат гласовите, се прават сондажи во партиските штабови кој кандидат може најдобро да помине на локалната изборна трка.
Владеачката ВМРО-ДПМНЕ, работи на терен, но официјално не кажува кои се нивните фаворити. Чекаат прво кој ќе пројави интерес и желба на внатрепартискиот конкурс.
СДСМ ја комплетира партиската понуда, иако за некои градови се уште има различни апетити.
Невладините прават испитувања кој стои најдобро на локално ниво.
Според истражувањето на кавадаречката невладина организација „Проект ЕУ“ од локалните политичари кај граѓаните најголема доверба ужива пратеникот од редовите на СДСМ, Борче Ставров.
Анкетата била спроведена според познатите стандарди.
На прашањето „На кој од политичарите од Кавадарци најмногу му верувате?“, 34% од испитаниците довербата му ја дале на Борче Ставров, 23% на актуелниот градоначалник Александар Панов , 25% не веруваат никому а останатите 18% како одговор посочиле некој од советниците во општина Кавадарци.
На граѓаните не им се нуделе имиња туку тие самите одбирале личност од политичката сцена на која најмногу и веруваат.
СДСМ во Кавадарци има 9% повеќе подршка во однос на ВМРО- ДПМНЕ. СДСМ ужива доверба кај 37% од граѓаните а ВМРО ДПМНЕ кај 28%.
Од невладината организација, констаираат дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци паѓа поради проблемот со откупната цена на грозјето, и поради неисплатеното грозје во полседните три години.