Силен земјотрес ја погоди Италија

Од:

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала го погоди италијанскиот регион Молизе во текот на ноќта, поради што многу жители ги напуштија своите домови и излегоа на улиците како мерка на претпазливост.

Според информациите од Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV), земјотресот е регистриран неколку минути по полноќ. Епицентарот бил во близина на општината Пиконе, во покраината Изернија, на границата со регионите Абруцо и Лацио, додека жариштето било лоцирано на длабочина од 10 километри.

Тресењето на земјата траело само неколку секунди, но било почувствувано во пошироко подрачје, вклучувајќи ја Изернија, како и покраините Кјети, Л’Аквила и Казерта.

Досега, надлежните служби не пријавиле материјална штета, ниту пак има информации за повредени.

Неколку часа подоцна, во 3:41 часот наутро, во истото подрачје е регистриран афтершок со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на длабочина од девет километри.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во близина на Неапол, запрен е железничкиот превоз, евакуирани се студенти

Земјотрес во Неапол – најсилен во последните 40 години

А1он

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран