Аракчи: Америка подготвува грозоморни злосторства

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денеска ги обвини Соединетите Американски Држави, наведувајќи дека воздушните напади врз виталната инфраструктура на Иран и заканите за напади врз мостови и електрани ја покажуваат „криминалната намера на американското раководство да изврши грозоморни злосторства“.

Тој ги опиша американските напади како „несомнено грубо кршење на Повелбата на ОН и на основните принципи на меѓународното право“, пренесува Ал Џезира.

Аракчи истакна дека нападите претставуваат „тешки меѓународни злосторства“ според основните принципи на меѓународното кривично право, вклучително и четирите Женевски конвенции од 1949 година, додавајќи дека „сите влади се должни да ги гонат и казнат сторителите на овие злосторства“.

Би можело да ве интересира

Иран објави видео: Ги нападнавме американските бази во Бахреин со беспилотни летала!

А1он

Трамп тврди дека САД ги имаат иранските пари и Ормутскиот теснец

А1он

Хамнеи ја зголеми борбената готовност – Иран се подготвува за можен нов конфликт

А1он

Пентагон се подготвува за нова воена операција – најавено е масовно бомбардирање на Иран

А1он

Иран им се закани на сојузниците на САД: Следниот одговор ќе биде поинаков

А1он

Пезешкијан: Иран никогаш нема да се откаже од дијалогот со САД

А1он