Еден од најголемите сенегалски фудбалери на сите времиња, Садио Мане, одлучи да ја заврши својата репрезентативна кариера.
Веста ја објави сенегалскиот весник „Le Quotidien“, кој тврди дека тоа е изјава на самиот играч. Одлуката доаѓа само неколку дена по елиминацијата на Сенегал во осминафиналето на Светското првенство и драматичниот пресврт против Белгија.
Сепак, повлекувањето на 34-годишниот напаѓач не претставува целосно изненадување.
Мане претходно најави дека Африканскиот куп на нации во 2025 година, кој се одржа во Мароко, ќе биде неговиот последен турнир во дресот на „Лавовите од Теранга“, но на крајот сепак остана и настапи на Светското првенство.
Садио Мане одигра 130 натпревари за репрезентацијата на Сенегал и постигна 54 гола.
Во текот на својата богата репрезентативна кариера, тој ја освои титулата африкански шампион во 2022 година.
На теренот, тој го освои истиот трофеј и во 2025 година, но тој трофеј подоцна, на контроверзен начин, му беше доделен на Мароко.
