Арналди се повлекува поради болест, Коболи без борба влезе во финалето на Ролан Гарос

Од:

Италијанскиот тенисер Флавио Коболи се пласираше во финалето на Ролан Гарос откако неговиот сонародник Матео Арналди се откажа од полуфиналето поради болест.

Арналди мораше да се повлече поради вирус помалку од еден час пред натпреварот.

Коболи ќе игра за трофејот во недела против Александар Зверев, кој го победи Чехот Јакуб во првото полуфинале со 3-1 (7-5, 6-2, 3-6, 6-3).