Турција и одржа фудбалска лекција на Македонија

Од:

Македонските фудбалски репрезентативци со четири гола во мрежата се враќаат од Истанбул, по поразот од 4-0 во пријателскиот меч со Турција.

Домашните фудбалери, иако во некомплетен состав, немаа никаков проблем со избраниците на Гоце Седлоски – ја наметнаа својата игра и заслужено стигнаа до висока победа
како загревање за настапот на Мундијалот 2026.

Се играше втората минута кога по центаршут од десната страна, Оркун Кокчу прецизно биеше за водство од 1-0.

Турците ја зголемија предноста во 16 минута – Џан Узун шутираше од работ на шеснаесетникот и го совлада Столе Димитриевски за 2-0.

Македонија најдобрата шанса во првиот дел ја имаше непосредно пред паузата. Топката стигна до Алиоски, а неговиот удар од непосредна близина го одбрани турскиот голман Алтај Бајиндир.

Турција во 53. минута стигна до трет гол. По нафрлувањето на Џан Узун, Дениз Гул со глава ја испрати топката во мрежата за 3-0.

Конечните 4-0 беа поставени во 70. минута. По одлична тимска акција и асистенција од Кахвечи, Јилмаз рутински ја заврши работата и ја потврди убедливата победа на Турција.

Македонија на овој меч не успеа да најде начин да го загрози голот на противникот и да го ублажи поразот.

Би можело да ве интересира

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Турција

ВИДЕО: Пријателска пресметка на Македонија и Босна и Херцеговина на „Кошево“

Катерина Ѓуровски

ФФМ: Ванче Шиков веќе не е дел од стручниот штаб на А-репрезентацијата

ФФМ го претстави новиот дрес на националниот тим

На „Авива“ против Ирска, ќе се лечат раните од Копенхаген

Херојот од Палермо се повлече од фудбалската репрезентација

Катерина Ѓуровски