Етиопската атлетичарка на долги патеки Јебргуал Мелесе почина откако ѝ се слошило за време на тренинг, објави Етиопската атлетска федерација.
Триесет и шестгодишната Мелесе се онесвестила за време на тренингот и, па и покрај брзата медицинска интервенција, починала.
„Етиопската атлетска федерација изразува длабока тага поради ненадејната смрт на оваа херојска атлетичарка и изразува сочувство до нејзиното семејство, пријателите и обожавателите“, се вели во соопштението.
Мелесе победи на маратоните во Прага, Хјустон, Шангај и Сеул, а еден од своите најголеми успеси го постигна во 2015 година кога заврши втора на престижниот маратон во Чикаго.
Нејзиниот последен настап беше на Пекиншкиот маратон, кој не успеа да го заврши, во мај минатата година.
Во моментот на нејзината смрт, Мелесе се подготвувала да се натпреварува на маратонот во Отава, закажан за 24-ти мај.
