Пијан возач без дозвола предизвика сообраќајка и побегна

Од:

На регионалниот пат Тетово – с.Јажинце, кај с.Лешок, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го уапсија Б.К.(31) од с.Жилче, тетовско.

– Имено, тој, без да поседува возачка дозвола, управувал патничко возило „фолксваген пасат“, предизвика сообраќајна незгода и го напушти местото. По неговото пронаоѓање, извршено е алкотестирање, при што му биле измерени 1,46 промили алкохол во крвта, информираат од СВР Тетово.

Возилото е одземено, а пијаниот возач е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.