Американскиот актер Џон Малкович доби и хрватско државјанство, објави вицепремиерот и министер за полиција Давор Божиновиќ.
Божиновиќ објави на платформата X дека вчера се одржа „кратка, но важна“ церемонија на која на Малкович му беше врачена одлуката за прием во хрватско државјанство. Малкович претходно беше примен од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој рече дека е среќен што актерот ги негува своите хрватски корени.
Прадедото и прабабата на Малкович емигрирале во САД од градот Озље во Карловачката жупанија.
