Селта го победи Елче со 3-1 (2-0) во 34-то коло од шпанската Ла Лига денес во Виго.
Головите за Селта ги постигнаа Уго Алварез во 14-тата минута, Јаго Аспас во 30-тата минута и Борха Иглесијас во 85-тата минута. Единствениот стрелец за гостите беше Андре Силва од пенал во 82-тата минута.
Селта моментално е на шестото место на табелата во шпанското првенство со 47 бода, додека Елче е на 14-то место со 38.
Селта следниот натпревар ќе го пречека Атлетико Мадрид во 35-то коло од Ла Лига, додека Елче ќе го пречека Алавес.
