Фотографија од англискиот фудбалски репрезентативец Џек Грилиш стана вирална, покажувајќи го фудбалерот како спие за време на бурно попладне со пријателите.
EXCLUSIVE: England ace Jack Grealish spotted snoozing at rooftop bar after boozy afternoon drinking session https://t.co/FVHCHCnAHW
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) April 26, 2026
Грилиш се мачи да ги држи очите отворени додека е во друштво, а на фотографиите се појавува целосно извиткан на столот. Еден од очевидците наводно изјавил:
„Неговите пријатели се обидуваа да го разбудат. Пијалокот очигледно го стигна“.
30-годишниот плејмејкер претходно ја заврши сезоната 2025/26, која ја помина како позајмен играч во Евертон од Манчестер Сити, по тешката повреда на стапалото.
Грилиш го имаше својот последен настап за „Карамелите“ на 18 јануари против неговиот поранешен клуб, Астон Вила. Тоа беше неговиот 22-ри натпревар во сезоната.
За време на својот настап за Евертон сезонава остави солиден впечаток со два гола и шест асистенции, заедно со освојувањето на наградата за играч на месецот за август.
По фрактурата здобиена на мечот против Астон Вила, Грилиш беше опериран. Тој моментално е во процес на закрепнување што би требало да го направи подготвен за почетокот на сезоната 2026/27, откако неговите соништа за настап на Светското првенство беа уништени.
