Земјотрес од 4.7 степени по Рихтер во Грција – почувствуван и во Битола

Од:

Земјотрес со јачина од 4.7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Грција. Потресот е почувствуван и во јужните делови на Македонија.

Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот е на неколку километри од македонско-грчката граница, во близина на регионот на Лерин на длабочина од околу 10 километри.

Граѓаните во Битола јавуваат дека потресот траел неколку секунди и предизвикал вознемиреност, особено кај жителите на повисоките катови во зградите.

Би можело да ве интересира

Земјотрес од 3,5 степени по Рихтер близу Лезбос

А1он

ВИДЕО: Силен земјотрес ја погоди Грција