Американскиот актер Роберт Де Ниро изјави дека денес е горд што стои зад движењето „Без кралеви“ и на прес-конференција во Њујорк го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп како закана за слободата и безбедноста.
„Го поддржувам ова движење 150 проценти“, рече Де Ниро, според Си-Ен-Ен.
Тој го опиша Трамп како егзистенцијална закана за слободата и безбедноста.
„Мора веднаш да биде запрен“, рече актерот.
Де Ниро ги критикуваше „непотребните војни“, како и политиките на Трамп за здравствената заштита, имиграцијата и економијата.
„Време е да им се каже „не“ на кралевите. Време е да му се каже „не“ на Доналд Трамп“, заклучи Де Ниро.
