Драмата продолжува – Сенегалците не ги враќаат пехарот и медалите

Од:

По неверојатната одлука на Конфедерацијата на африкански фудбал (CAF) да му ја одземе титулата африкански шампион на Сенегал и да му ја даде на Мароко, следеше реакцијата на Сенегалците.

Тие изјавија дека нема да ги вратат своите медали.

Многу сенегалски фудбалери објавија слики со медали и пехарoт и најавија дека нема да ги вратат.

„Сенегалската фудбалска асоцијација ја осудува оваа неправедна, невидена и неприфатлива одлука што го дискредитира африканскиот фудбал. Во одбрана на своите права и интересите на сенегалскиот фудбал, Асоцијацијата што е можно поскоро ќе покрене постапка за жалба пред Арбитражниот суд за спорт (CAS) во Лозана“, изјави Асоцијацијата.

Во финалниот натпревар од Африканскиот куп на нации, Сенегал победи со 1:0 по продолженијата, а сè беше обележано со голем скандал пред крајот на регуларните 90 минути, кога првиот гол на Сенегал беше поништен, по што беше досуден пенал за Мароко.

Потоа сенегалските играчи го напуштија теренот и по долга пауза се вратија и го одиграа остатокот од натпреварот, но Африканската унија подоцна го протолкува тоа како „предавање“ и го регистрираше натпреварот со официјален резултат од 3:0 за Мароко.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голманот на Судан се сруши на терен

А1он