Легендарниот тенисер, Јаник Ноа е обвинет од неговите сестри за кражба на наследство вредно 4.000.000 евра.
Имено, според адвокатите на сестрите, Закари Ноа ја продал целата своја земја на Јаник пред неговата смрт, што, велат тие, е спротивно на законот бидејќи останатите деца практично се лишени од своето наследство.
Компликацијата настанува кога, според нив, камерунскиот суд пресудил во корист на сестрите, меѓутоа, продажбата до денес не е откажана, а постапката е дополнително комплицирана со жалби и процедурални пречки кои сè уште се во тек.
Изабел Ноа, една од сестрите, во интервју за француското списание „Voices“ изјави дека нејзиниот брат ѝ должи повеќе од два милиони евра:
– Тој го украде нашето наследство. Кога почина нашиот татко, ни кажа дека тој е единствениот наследник. Тој зеде сè и се прогласи за глава на село во Камерун, одлучувајќи дека сè е негово. Девет години одбива судски покани и ништо не се случува. Судија ни го даде правото во 2023 година, но одлуката никогаш не беше спроведена – рече Изабел.
