Турнирот на Евролигата прекинат поради бомбардирањето, кошаркарите евакуирани од Абу Даби

Од:

Израел, со поддршка на Америка, утрово го нападна Иран, кој набрзо возврати со бомбардирање, покрај Израел, и на американските бази во Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Јордан и Ирак.

Ирански ракети паднаа и во Абу Даби, поради што беше прекинат и турнирот на Евролигата за надежите во подем на европската кошарка.

Имено, во Абу Даби во времето на бомбардирањето се играа натпревари од турнирот Next Gen Euroleague помеѓу Арис и Монако, кои мораа да бидат прекинати.

Водителот ги повика сите судии преку звучникот да дојдат, а потоа беше објавено дека натпреварот се прекинува и на кошаркарите им беше наредено да се повлечат во соблекувалните.

На крајот, кошаркарите беа евакуирани од салата во Абу Даби и ќе се вратат во своите земји, а турнирот повеќе нема да се игра.

„Турнирот „Евролига НекстГен“ е привремено суспендиран поради безбедносни мерки. Евролигата и домаќинот сега ја проценуваат ситуацијата и ќе бидат објавени дополнителни информации“, се наведува во соопштението за јавноста на Евролигата.

Инаку, официјалната новинска агенција на Обединетите Арапски Емирати, WAM, објави дека Министерството за одбрана на таа земја објавило дека едно лице е убиено.