(ВИДЕО) Фризерка од Македонија прави портрети на познати личности од потстрижена коса

Од:

Светлана Гроздановска, фризерка од Македонија, направи портрети на многу личности од српската естрада од потстрижена коса на своите клиенти.

Светлана ја подигна својата професија на сосема ново ниво и докажа дека уметноста не познава граници. Додека повеќето нејзини колеги само ја потстрижуваат, бојат и стилизираат косата, таа создава уметнички дела од неа.

Оваа талентирана уметница користи прамени коса како алатка за сликање, внимателно обликувајќи ги, сенчејќи ги и аранжирајќи ги така што на крајот се појавуваат препознатливи лица.

Многу од нејзините дела прикажуваат музички ѕвезди, па затоа таа создаде портрети на Јелена Карлеуша, Драгомир Деспиќ – Десингерица, Војаж, Бора Ѓорѓевиќ, Тоше Проески, Марија Шерифовиќ…

Би можело да ве интересира

Осум и пол години затвор за фризерката Благица за измамата со станови

Емир Латифовиќ