Две момчиња, на возраст од 12 и 13 години се избодени во училиште во северен Лондон. Полицијата веднаш пристигна на местото на настанот и започна потрага по напаѓачот.
Инцидентот се случи на Бејкон Лејн, Брент.
Двете момчиња се однесени во болница. Нивната состојба засега е непозната.
Полицијата го идентификуваше осомничениот – тинејџер – и се преземаат итни мерки за негово лоцирање.
„Се преземаат итни мерки за негово лоцирање“, соопштија од полицијата.
Детективот полицаец Лук Вилијамс, кој ги предводи полициските операции во северозападен Лондон, изјави:
„Свесни сме дека овој инцидент ќе предизвика значителна загриженост во заедницата. Сакаме да ги увериме учениците, родителите и локалните жители дека распоредивме значителни ресурси во областа и правиме сè што можеме за да го лоцираме осомничениот. Нашите мисли се со повредените момчиња и би сакал да им се заблагодарам на болничарите и лекарите кои ги лекуваат и двајцата. Ќе дадеме дополнителни информации кога ќе бидеме во можност“.
