Колумбиецот Јанко кој во земјава е познат по тоа што на своите настапи и на социјалните мрежи изведува македонска нардона музика објави ново видео на кое тој и неговиот бенд изведуваат македонски патриотски песни пред Грци и ги следат нивните реакции.
Јанко Пенафорт, професионален музичар и пејач од Богота, Колумбија на своите настапи во различни делови од светот ги пее македонските народни песни. Ова момче воедно има потекло од Украина, односно неговата мајка е од Киев и вели дека се заљубил во македонската народна музика затоа што е полна со емоции. Во 2023 година и на почетокот на 2024 година, престојувал во Македонија заедно со Исамар од неговиот бенд и е воодушевен од македонскиот фолклор. Вели дека тој е вистинско богатство. Но, и претходно овој млад музичар доаѓал во земјава.
Јанко објави и дека следниот период ќе оди на турнеја во Австралија кај македонската зедница.
