Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
„На обвинетиот му се става на товар дека на 3.11.2025 година, околу пладне, управувал автомобил „Фолксваген пасат“ по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, но не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.
Пред крстосницата со улицата „Лазар Личеноски“, на пешачки премин не ја намали брзината и возеше 53 км/час, односно повеќе од дозволеното во населеното место. Не можеше навремено да запре и со предниот дел од возилото удри во велосипед кој поминуваше на пешачкиот премин. Од ударот, велосипедистот Јорго Ќука се здоби со тешки повреди од кои почина на лице место. За ова кривично дело е запретена затворска казна од најмалку четири години, односно настанот е квалификуван како најтешко кривично дело од областа на сообраќајот, извести ОЈО.
