(ВИДЕО) Телохранителите со лед светилки ја штитат свршеницата на Роналдо од папараците

Од:

На социјалните мрежи се споделува видео кое го прикажува необичниот метод што го користат телохранителите за да ја заштитат Георгина Родригез од упорните папараци.

Свршеницата на Кристијано Роналдо привлекува внимание каде и да се појави, а нејзиното обезбедување има посебен трик за да ги одбие фотографите.

За да спречат фотографирање, нејзините телохранители користат моќни LED светла.

На видеото е прикажано како ги насочуваат директно кон објективите на фотоапаратите и наизменично ги вклучуваат и исклучуваат за да ја уништат можноста за правење добра фотографија.

Георгина е во врска со Роналдо од 2016 година, а двојката ја објави својата свршувачка во август оваа година.

Заедно имаат две ќерки, осумгодишната Алана и тригодишната Бела.

Заедно со нив, Роналдо има 15-годишен син, Кристијан Џуниор, чиј идентитет на биолошката мајка никогаш не го откри, и близнаците Матео и Ева (7), кои се родени од сурогат мајка.