Гвардиола: Кој ќе се врати поправен по Божиќ, нема да патува на следниот натпревар

Од:

Менаџерот на Манчестер Сити – Пеп Гвардиола, објави дека неговите играчи ќе стапнат на вага штом ќе се вратат од краткиот божиќен одмор. Целта е да се провери дали ја одржале потребната физичка подготвеност за натпреварот против Нотингем Форест, кој е закажан за 27 декември, пишува Би-Би-Си.

По победата од 3-0 против Вест Хем во саботата, Гвардиола јасно стави до знаење што очекува од својот тим во текот на празничниот период. Имено, играчите беа измерени пред тој натпревар и ги исполнија потребните стандарди.

„Во моментот кога ќе пристигнат по три дена одмор, сакам да видам како се вратиле. Можат да јадат, но сакам да ги држам под контрола“, рече 54-годишниот стратег.

Предупредувањето беше недвосмислено:

„Замислете играч кој сега е во совршена форма, но се враќа со три килограми вишок. Ќе остане во Манчестер, нема да патува кај Нотингем Форест“.

Пристапот на Гвардиола кон физичката подготвеност на играчите е добро познат. Уште во 2016 година, тој ги отстрани членовите на тимот од тренинг сè додека не ја достигнат целната тежина.

Поранешниот дефанзивец на Сити, Гаел Клиши, откри како Гвардиола им забранил на играчите пица, одредени сокови и друга „тешка храна“.

Иако победата на Сити над Вест Хем го држеше чекорот со водечкиот Арсенал, кој има предност од два бода, Гвардиола не беше целосно задоволен. Тој нагласи дека проблемот не е во физичката подготвеност, туку дека тимот едноставно „мора да игра подобро“.

Своето незадоволство го покажа со конкретен потег: „Играчите ме замолија да им бидат бесплатни неделните тренинзи, а јас реков не, бидејќи не играа доволно добро“.

Сепак, шпанскиот стручњак е свесен за важноста на одморот, особено за време на празниците.

„Откако пристигнав во Англија, научив дека мора да им дадете слободен ден секогаш кога е можно“, додаде тој.

„Распоредот е толку густ што играчите мора да се исклучат. Кога ќе дојде моментот на натпреварот, тие ќе бидат свежи во нозете“ порача Шпанецот.

Би можело да ве интересира

Мареска ги негира гласините дека ќе седне во фотелјата на Гвардиола во Сити

А1он

Гвардиола: Светот ја остави Палестина сама, им дозволивме да уништат цела нација

А1он

Гвардиола: Светското клупско првенство нè уништи

А1он

Гвардиола: После Сити – пауза

А1он

Гвардиола ѕвездата на Бундеслигата ја гледа како наследник на Де Брујне

А1он

Гвардиола потврди: Халанд е тешко повреден