Вишиот суд во Норфолк, Масачусетс, го осуди Брајан Волш, кој претходно беше прогласен за виновен за убиство на неговата сопруга, Ана Волш, која е по потекло од Србија.
Судот го осуди Брајан Волш на доживотен затвор без право на условна слобода по првото обвинение за убиство од прв степен. Потоа следеше изрекување на пресуда по две други точки.
Првично беше закажано изрекување на пресудата за среда, но изрекувањето на пресудата потоа беше одложено за денес.
Во понеделник, поротата на округот Норфолк го осуди Брајан Волш за убиство од прв степен за смртта на неговата 39-годишна сопруга, отфрлајќи ја теоријата на одбраната дека Ана Волш починала ненадејно, а Брајан ги фрлил нејзините останки во паника.
Поротата размислуваше повеќе од пет часа во текот на два дена пред да донесе едногласна одлука и да го прогласи за виновен.
