Зеленски: Секој компромис со Русија мора да биде потврден на изборите

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска нагласи дека секој компромис меѓу Украина и Русија во врска со контролата на нејзините источни региони мора да биде „фер“ и потврден на „избори“ или „референдум“.

„Верувам дека украинскиот народ ќе го даде одговорот на тоа прашање. Без разлика дали преку избори или референдум, тоа мора да биде став што доаѓа од украинскиот народ“, изјави Зеленски пред новинарите кога беше прашан за постигнување договор со Москва.

Украинскиот претседател потврди дека САД му предложија на Киев да се повлече од областа што сè уште ја контролира во регионот Донецк и да создаде „слободна економска“ и демилитаризирана зона на тоа место, без присуство на руски сили.

Зеленски рече дека американската страна сè уште „не знае“ кој ќе владее со демилитаризираната зона.

Тој додаде дека Вашингтон предлага повлекување на руската армија од украинските региони Суми, Харков и Дњепропетровск, но и нивно останување во регионите Херсон и Запорожје.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Сојузниците нè молат да ги запреме нападите врз руската енергетска инфраструктура

А1он

Украина тврди дека има докази: Русија сè уште му помага на Иран

А1он

Зеленски: Имам многу лошо претчувство за војната во Иран

А1он

Зеленски: ЕУ ја уценува Украина за повторно да го отвори нафтоводот Дружба

Зеленски: Трамп е во право за едно нешто – го мразам Путин!

А1он

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите

А1он