Што требало да преземе Џаферовски од 2017 до 2020 за да спречи пожар во 2025 во објект кој настанал во 2024, праша неговата адвокатка

Од:

„Јас и Аднан Џаферовски не сме ви непријатели. Ова обвинение нè става во замка во која мораме да се снаоѓаме во хаос создаден од погрешна рамка, рамка што настанот го претвори во масовен казнен каталог,“ рече адвокатката Сузана Јошевска Атанасовска во своето воведно излагање како бранителка на поранешниот директор на Дриекцијата за заштита и спасување кој е меѓу обвинетите за трагедијата во „Пулс“.

„Џаферовски и јас ја разбираме болката. Но таа болка не смее да стане правна алатка. Трагедијата никогаш не треба да се релативизира, но ниту смееме да дозволиме ова обвинение да предизвика нова трагедија – со осудени, само за да има ‘мир во куќа’. Нема да го спасувам мојот клиент на туѓ грб,“ додаде таа.

Според Атанасовска, обвинението за Џаферовски „ја промашува адресата“ на кривичната одговорност.

„Обвинителството не бара кривична одговорност меѓу обвинетите како Аднан. Обвинението има такви правни и фактички грешки што мора да се расчистат, за судот да не биде доведен во заблуда. Му припишува обврски на погрешни луѓе,“ рече таа.

Адвокатката потсети дека инспекциската служба не е под оперативна надлежност на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), туку дека Инспекцискиот совет е клучниот орган во овој механизам.

„Ќе докажеме која е неговата голема важност. 99 проценти од доказите се годишните планови за работа на ДЗР. Обвинителството го товари за пропуштен надзор, но не прави разлика меѓу редовен и вонреден надзор. Не е на директорот да пишува планови, туку само да се носат тие планови. Не можете да обвините некого за пропуст ако не можете да докажете што точно пропуштил. Ова е симулирана правда. Обвинението фрла широка мрежа – да се фати сè што плива,“ истакна Атанасовска.

Таа оцени дека ваквиот пристап не е храброст: „Ова не е нешто за што треба да ракоплескаме. Ова е правна неписменост со сериозни последици.“

Според неа, директорот не ги пишува ниту оценува плановите за надзор, ниту пак може да нареди вонредни инспекции без претходна дојава, ниту знаел за постоење нелегални објекти.

„Овде нема каузалитет, а без каузалитет нема кривична одговорност. Што точно требало да преземе Џаферовски од 2017 до 2020 за да спречи пожар во 2025 во објект кој настанал во 2024?“ праша адвокатката.

Во своето воведно обраќање, Аднан Џаферовски рече:

„Паушално обвинение, кое никако не ми е јасно. Не смееме да дозволиме едно зло, една трагедија, да ја одмаздиме со друго. Бараме правда, а не нова неправда. Моја совест е чиста. Обвинет сум за ‘несторување со умисла’ во нефункционален систем. Пробував со моето знаење да го подобрам тој систем – и сметам дека во голем дел успеав. Верувам дека ќе успеам да го уверам судот со доказите што ќе бидат презентирани

Би можело да ве интересира

Ни баба Ванѓа не можела да предвиди, а не па јас – рече Шабан Салиу во одбраната за „Пулс“

Катерина Ѓуровски

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ – воведни зборови на екс директорите на ДЗР

Градоначалниците Папазов и Илијев немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“, тврди одбраната

Поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски тврди дека барал да не се издаде дозвола за „Пулс“

ВИДЕО: Помагав цел ноќ, ме викнаа да вештачам по пожарот, јас сум онколошки пациент – рече обвинет градежен инспектор

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Родителите на жртвите од „Пулс“ донесоа транспарент пред судницата: 63 сенки ќе ве следат засекогаш

Катерина Ѓуровски