Зеленски разговараше со Виткоф и со зетот на Трамп – договорија како да се продолжи со Путин

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека имаше долг и „суштински“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на Трамп – Џаред Кушнер.

„Украина е посветена да продолжи да работи во добра волја со американската страна со цел вистински да се постигне мир. Се договоривме за следните чекори и формати на преговори со Соединетите Американски Држави“, напиша Зеленски на „X“.

Виткоф и Кушнер минатата недела во Мајами разговараа со украинскиот преговарач Рустем Умеров, што двете страни го нарекоа „конструктивни дискусии за унапредување на кредибилен пат кон траен и праведен мир во Украина“.

Виткоф треба да го информира Умеров за неговата посета на Москва и за средбата со рускиот претседател Владимир Путин.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зеленски одби моќна американска муниција бидејќи нема авиони

А1он

ВИДЕО: „На ракета, да те е**м“ – снимка од одговорот на Зеленски на руски новинар стана вирална

Катерина Ѓуровски

„Путин не победува во војната, но и не губи, тоа е вистина“

Доналд Трамп и Володимир Зеленски се сретнаа во Њујорк

А1он

Зеленски: Договорив средба со Трамп, тоа може многу да промени

А1он

(ВИДЕО) Русија со дрон погоди украински манастир – загина свештеник

А1он