(ВИДЕО) Родителите на жртвите од „Пулс“ донесоа транспарент пред судницата: 63 сенки ќе ве следат засекогаш

Од:

-Родителите и блиските на загинатите во пожарот во т.н. кабаре „Пулс” во Кочани денеска се појавија на рочиштето во Идризово со голем транспарент на кој се испечатени ликовите на нивните најблиски што го загубија животот во трагедијата.

Транспарентот, на кој над фотографиите стои натписот „16.03.2025 – 63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда”, беше поставен на надворешната страна од металната безбедносна ограда околу судницата. Полицијата првично не дозволи поставување на транспарентот, но по кратки консултации даде одобрение тој да остане на оградата.

Поставен кон паркингот од каде што пристигнуваат обвинетите – меѓу кои и оние што се донесуваат со полициски комбиња – транспарентот имал за цел да ги потсети за загубените животи, велат родителите.

„Го донесовме транспарентот за да ги потсетиме ‘убијците’ што направија, затоа што на претходното рочиште рекоа дека не чувствуваат вина“, изјави Светлана Стојанова, мајка на Андреј Стојанов, кој загина во „Пулс”.

Слична реакција имаше и Јулија Златкова, мајка на загинатиот Андреј Златков. Таа рече дека за нив е контрадикторно тоа што ниту еден од обвинетите не признал вина.

– 63 убуени деца, 63 уништени иднини на децата и на нвините семејства. Многи контрадикторно беше што на минатото рочиште никој од обвинетите не се изјасни за виновен. Зарем треба ние родителите да ги потсетиме зошто се наоѓаат во судницата. Никој од нив немаше ниту грам сосвест и човечност да ја признае својата вина. Ни монструмот, ни син му, ни брат му, ниту соучесниците, дали биле од прв, втор, трет ред, никој не покажа барем човечност, а сите ние знаеме кој е виновен и се надевам дека ќе ја добиеме правдата за нашите убиени деца. 63 не е само бројка, 63 не е статистика. тоа се млади, убиени деца и 63 сенки ќе ги следат засекогаш. Искрено се надевам дека овие деца и ние семејствата ќе ја добиеме правдата бидејќи овие деца заслужуваат правда, рече таа.

Судскиот процес продолжува со воведни излагања на дел од бранителите на обвинетите. На последното рочиште, сите 35 обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, а обвинетите три правни субјекти го отфрлија обвинението.

Во пожарот во „Пулс“ загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Би можело да ве интересира

Со воведни зборови на одбраната продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“

Одбраната на Јованов: Обвинението против Михаил Јованов се темели само на тоа што е син на сопственикот на „Пулс“

(ВИДЕО) Дел од адвокатите во „Пулс“ се жалат: Обвинителството прави грешки, се однесува несериозно и го забавува процесот

Катерина Ѓуровски

По осум месеци од трагедијата, почнува судскиот процес за „Пулс“

Судењето за трагедијата во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Катерина Ѓуровски