Зеленски: Русија ги отфрла сите мировни напори, санкциите мора да се заострат

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, известувајќи за тоа на социјалната мрежа X.

Зеленски изјави дека лично ѝ се заблагодари за нејзината „јасна позиција и пораки за поддршка на Украина“ што ги презентираше за време на денешниот говор во Европскиот парламент во Брисел.

„Целосно се согласуваме: сè додека Русија продолжува да ги отфрла сите мировни напори, санкциите против неа мора да се заострат, а одбранбената и финансиската помош за Украина мора да продолжат“ – рече Зеленски.

Тој додаде дека една од темите на разговорот беа замрзнатите руски средства, од кои голем дел се наоѓаат во земјите од Европската Унија.

Во тек е дискусија за тоа дали овие средства можат да се користат за финансирање на украинската одбрана.

„Разговаравме за моменталната дипломатска ситуација и работата на Европската Унија за одлуката за користење на замрзнатите руски средства за одбрана на Украина“, заклучи украинскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зеленски одби моќна американска муниција бидејќи нема авиони

А1он

ВИДЕО: „На ракета, да те е**м“ – снимка од одговорот на Зеленски на руски новинар стана вирална

Катерина Ѓуровски

„Путин не победува во војната, но и не губи, тоа е вистина“

Доналд Трамп и Володимир Зеленски се сретнаа во Њујорк

А1он

Зеленски: Договорив средба со Трамп, тоа може многу да промени

А1он

(ВИДЕО) Русија со дрон погоди украински манастир – загина свештеник

А1он