Џонсон: Многу ми е жал за грешките поврзани со Ковид-19

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон ја нарече јавната истрага за Ковид-19, која го критикуваше неговото справување со пандемијата во своите наоди објавени во четврток, „очајно неповрзана“.

Според таа истрага, околу 23.000 смртни случаи можеле да бидат избегнати во Англија доколку карантинот на почетокот на пандемијата бил воведен порано.

„Хаосот“ што владееше во тогашната конзервативна влада на Борис Џонсон е осуден.

Британските власти, а особено извршната власт предводена од Борис Џонсон, ја сфатија сериозноста на вирусот предоцна, заклучува истрагата.

„Повеќе од три години по завршувањето на пандемијата, тие сè уште се расправаат за тоа што тргнало наопаку“, напиша Борис Џонсон во својата колумна во таблоидот Дејли Меил.

„Сè уште ми е длабоко жал за грешките направени од владата што ја водев и сум полн со сочувство за сите оние што страдаа“, додаде тој.

Џонсон ги смета заклучоците од јавната истрага за „збунувачки“ и „очајно неповрзани“.

Тој вели дека истрагата не одговорила на две клучни прашања: „Од каде дојде вирусот? И дали карантините вредеа за ужасната цена што ја плативме?“

Група што ги обединува семејствата чии членови починаа од ковид во петокот повика на откажување на сите финансиски и институционални бенефиции што ги ужива премиерот.

„Неприфатливо е од ожалостените семејства да се очекува да го субвенционираат начинот на живот на човек чии одлуки доведоа до смртта на нашите најблиски“, рекоа тие.

Обединетото Кралство регистрираше 226.000 смртни случаи поврзани со пандемијата, една од најлошите европски статистики.