Мајнц има рекордер во Бундеслигата со 9 црвени картони

Од:

Фудбалерот на Мајнц, Доминик Кор (31), се искачи на врвот на листата на играчи со најмногу црвени картони во историјата на Бундеслигата.

Можеби Кор не замислувал дека еден ден ќе биде лидер на толку непопуларна листа, но сега за него нема враќање назад, тој успеа во она што ниту еден играч пред него не го направил – сега е на место каде што малкумина играчи сакаат да бидат.

Со ново исклучување во својот 361-ви натпревар во кариерата, тој се одвои од Јенс Новотни (Карлсруе, Баер Леверкузен) и Луис Густаво (Хофенхајм, Баерн и Волфсбург) на вечната листа на најстрого казнети играчи.

Кор беше блиску до завршување на натпреварот со Хофенхајм без црвен картон, но го доби во 88-та минута од натпреварот.

И тоа дури откако ВАР му предложи на главниот судија подетално да го разгледа прекршокот што играчот на Мајнц го направи врз противничкиот играч.

На крајот, судијата донесе правилна одлука – јасно виде како Кор го згази противник во пределот на потколеницата со табанот.

Потоа му покажа црвен картон и со тоа го направи Кор нов рекордер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ерупција од воодушевување во Хамбург – ХСВ се враќа во Бундеслига

А1он