Полицијата влезе во УЈП Штип, приведен е поранешен раководител

Од:

Полициски службеници утринава влегоа во Управата за јавни приходи Штип, и според првичните информации приведен е поранешен раководител на УЈП.

Од МВР потврдуваат дека има акција на теритријата на цела држава.

– Полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани во соработка со Одделот за криминалистичка полиција по насоки на ОЈО Кочани преземаат повеќе активности на неколку локации низ државата. По завршувањето на акцијата јавноста ќе биде соодветно известена, соопштуваат од МВР.