(ВИДЕО) Голманска мајсторија – ја погоди противничката мрежа од 90 метри

Од:

Нереален гол постигнат во Уругвај!

Дуелот помеѓу Серо Ларго и Ливерпул беше обележан со гол каков што не се гледа секој ден, а го постигна домашниот голман, Џино Сантили.

Погоди со дегажман од сопствениот шеснаесетник.

Да, добро прочитавте…

По вистински пороен дожд, Сантили ја шутна топката, а по необичното отскокнување, таа ги измами дефанзивецот и голманот на Ливерпул и заврши во мрежата за 2:0.