Уапсени лихвари од Кавадарци – за долг од 80.000 наплатија над 700.000 денари

Од:

Приведени се две лица од Кавадарци поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Според полицијата, осомничените на оштетено лице од Неготино му наплатиле над 700.000 денари за заем од 80.000 денари.

-Вчера во 09:20 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР – Кавадарци ги лишиле од слобода Н.С.(59) и неговиот син Р.С.(34) од овој град, поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од КЗ. Според пријавеното, во јуни 2023, 71-годишен маж од Неготино од нив позајмил околу 80.000 денари и се договориле да враќа по 20.000 денари неделно, но, бидејќи не успеал да го врати земеното, постојано му пресметувале камата и му го зголемувале долгот. За целиот период, оштетениот му исплатил на Н.С. сума од над 700 000 денари – појаснија од СВР – Велес.

По издадена судска наредба, како што додадоа, бил извршен претрес во домот на Н.С. и Р.С., при што биле пронајдени предмети за кои постоело сомнение дека се поврзани со делото.

Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, како што потенцираа од СВР – Велес, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Почина жител на Миладиновци – падна од тераса

А1он

Изминатиот викенд приведени се 64 возачи за безобѕирно возење

А1он

Полициска акција – пронајдена е дрога кај 15 луѓе

А1он

Кривична против тројца скопјани за нападот врз 14-годишник во Ченто

А1он

Шест пријави за семејно насилство, еден уапсен

А1он

Уапсени девет возачи за безобѕирно возење – сите биле без возачка дозвола

А1он