ВИДЕО: Лукровски прогласи победа во Карпош

Од:

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски, вечерва прогласи победа на локалните избори. Во својот изборен штаб, опкружен со бројни поддржувачи, тој со видна емоција ја соопшти веста дека, според резултатите од избирачките места, граѓаните му ја дале довербата.

„Вечерва зборувам со срце полно гордост и благодарност. За секој човек кој веруваше дека чесноста, трудот и вистината повторно можат да победат. Денес не победувам јас, победува Карпош“, изјави Лукровски пред присутните.

Тој истакна дека во оваа кампања не се борел за функција, туку за довербата на граѓаните, и додаде дека оваа победа не е само на една партија, туку на сите кои, како што рече, „се бореа за промени и не се откажаа од својот град“.