Ал Пачино и Де Ниро ги здружија силите – снимија реклама за луксузен бренд

Од:

Легендарните актери Роберт Де Ниро (82) и Ал Пачино (85) повторно ги здружија силите, овој пат во најновата кампања на италијанско-францускиот моден бренд Moncler, наречена „Заедно потопло“.

Кампањата, снимена во Њујорк го слави долгогодишното пријателство меѓу двајцата познати актери и испраќа порака дека вистинската топлина не доаѓа само од облеката, туку и од меѓучовечките односи.

Познатиот фотограф Платон е автор на впечатливи црно-бели снимки во кои Пачино и Де Ниро се прикажани во опуштен разговор и дружење, облечени во јакни Moncler од новата колекција.

Во еден од видео клиповите, Де Ниро вели:

„Топлината никогаш не доаѓа однадвор, туку одвнатре“.

На што Пачино додава:

„Пријателството е најдоброто нешто што може да го имате“.

Кампањата оди подалеку од само промоција на модата – таа ги нагласува вредностите на блискост, доверба и заедништвo.

Би можело да ве интересира

Роберт де Ниро призна дека јадел месо од кобра: Има вкус на мачмелоу

А1он