Зеленски: Потребно е да се изврши силен притисок врз Русија

Од:

По рускиот напад врз украинскиот град Днепар, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека официјална Москва со секој таков напад докажува дека е потребно да се изврши силен притисок врз Русија и да се воведат „поболни санкции за агресорот“.

„Спасувачите, општинските служби и агенциите за итни случаи работат во Днепар по рускиот напад со беспилотни летала врз тој град. Тоа беше едноставно дрзок напад врз цивилната инфраструктура, сред бел ден. Засега е познато дека повеќе од 10 лица се повредени“, објави Зеленски на својот Фејсбук профил.

Како што претходно објави Укринформ, руската армија го нападна Днепар со беспилотни летала и во тој напад едно лице беше убиено, а 15 беа повредени.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зеленски одби моќна американска муниција бидејќи нема авиони

А1он

ВИДЕО: „На ракета, да те е**м“ – снимка од одговорот на Зеленски на руски новинар стана вирална

Катерина Ѓуровски

„Путин не победува во војната, но и не губи, тоа е вистина“

Доналд Трамп и Володимир Зеленски се сретнаа во Њујорк

А1он

Зеленски: Договорив средба со Трамп, тоа може многу да промени

А1он

(ВИДЕО) Русија со дрон погоди украински манастир – загина свештеник

А1он