„Лекари без граници“ ги прекинаа медицински активности во Газа

Од:

Израелската офанзива во градот Газа ги принуди „Лекари без граници“ да ги прекинат своите основни медицински активности во областа поради брзо влошената безбедносна ситуација, објави синоќа меѓународната хуманитарна организација на својата официјална веб-страница.

– Ескалирачките напади од страна на израелските сили создадоа неприфатливо ниво на ризик за нашиот персонал, принудувајќи нè да ги прекинеме медицинските активности што спасуваат животи, соопшти невладината организација, додавајќи дека израелските воздушни напади и напредните тенкови се на помалку од еден километар од нејзините здравствени установи.

Координатор за итни случаи на „Лекари без граници“ во Газа, Џејкоб Гренџер наведе дека организацијата нема избор освен да ги прекине активностите бидејќи нејзините клиники се опкружени со израелски сили“.

– Тоа е последното нешто што го сакавме, бидејќи потребите во градот Газа се огромни, а најранливите луѓе – новороденчиња во неонаталните одделенија, луѓе со сериозни повреди и болести опасни по живот не се во можност да се движат и се во голема опасност, додаде Гренџер.

На 16 септември, израелската војска почна голема офанзива врз градот Газа, со цел да го уништи последниот голем бастион на Хамас.

Би можело да ве интересира

Масакр во Појасот Газа, најмалку 51 загинат во израелски напади

А1он

Израел ги повика жителите на Газа да се евакуираат пред новата офанзива

А1он

Генерален секретар на ОН: Израелските операции во Газа ќе имаат „разорни последици“

А1он

Повеќе од 1.000 Палестинци се убиени додека чекале за храна во Газа

Загинаа додека чекаа хуманитарна помош во Газа

А1он

Најмалку 94 Палестинци убиени во Газа во последното деноноќие

А1он