(ВИДЕО) Дуплантис повторно го сруши светскиот рекорд

Од:

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис го сруши рекордот во дисциплината скок со стап на Светското првенство во Токио.

Дуплантис постави нов светски рекорд со прескокнати неверојатни 6,30 метри.

Популарниот Мондо“ го сруши светскиот рекорд по 14-ти пат, четврти пат оваа година.

Дуплантис ја обезбеди победата со скок од 6,15 метри, а потоа во третиот обид успеа да скокне 6,30 метри и со тоа да ги помести границите во оваа дисциплина.

За еден сантиметар го подобри сопствениот светски рекорд, кој го постави на 12 август во Будимпешта.

Второто место во Токио го освои Гркот Емануил Каралис (6,00), а третото место го освои Австралиецот Куртис Маршал (5,95).

Би можело да ве интересира

Американецот Тарп постави нов светски рекорд на 110 метри со пречки

А1он

Американската пливачка Кејти Ледецки го собори светскиот рекорд на 800 метри

(ВИДЕО Нов светски рекорд на Дуплантис – прескокна 6.27 метри

А1он